Сиропиталиште продавало бебиња: Ги краделе од сиромашни родилки и лажеле дека се мртви

Сподели со своите пријатели

Полицијата денес затворила сиропиталиште на истокот од Индија и ги привела неговите сопствеици поради продажба на бебиња на парови кои немаат деца, проверувајќи истовремени дали таа акција имала врска со некоја широка операција за трговија зо луѓе.

Сиропиталиштето во градот Џалпајгури во западен Бенгал кое го водела една невладина оргнаизација, продале најмалку 20 деца на усвојување, соопштила полицијата, а пренесе Ројтерс.

Како пренесува агенцијата, лиата кои биле на чело на сиропиталиште то исто така воделе и засолниште за сиромашни жени чии бебиња ги продавале, а ним им кажувале дека бебињата се родени мртив.

Приведувањето на 18 лица, вклуувајќи лекари, бабици и сопственици на невладини организации, се случило само три месеци откако 13 бебиња биле спасени и два скелети на бебиња биле пронајдено во близината на пристаништето во градот Колката.

Како се навеува, тие лица се приведени под сомнение дека ги земале бебињата при раѓањето, а на мајките им кажувале дека бебињата се родени мртви. Агенцијата пренесува и дека бебињата биле продавани по цена од 1.500 до 3.000 долари, а дека експертите во Индија велат дека трговијата со бебиња станала сериозен бизнис во таа земја.

Најмалку 17 деца кои биле сместени во сиропиталиште  не биле пронајдени и не може да им се влезе во траг, пренесе Ројтерс.

 

Loading...