Сириец нападнат со нож во атар на село Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, во текот на денешниот ден, во раните утрински часови, поточно во 01,15 часот, било пријавено дека во атар на село Табановце –кумановско, во близина на железничкиот премин „Табановце“,  по претходна меѓусебна расправија помеѓу мигранти,  И.К.(24) од Сирија се здобил со убодни рани во пределот на ногата кои му биле нанесени од нож.

Loading...

Истиот бил префрлен во ЈЗУ Куманово каде му била укажана лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.