Синдром „Кувада“ – ако жената има породилни болки мора да ги трпи и мажот

Сподели со своите пријатели

Не е ништо ново, трудниците во текот на бременоста да се чувствуваат и однесуваат помалку необично. Може да се каже дека општеството така не воспитало, благодарение на разни обичаи кои поддржувале т.н. сочувствителна бременост.

Бизарни обичаи: Фарма за дебелеење и бракови меѓу луѓе и животни

Loading...

Сочувствителна бременост или синдром „Кувада“ се однесува на обичајот мажите да ги имитираат породилните маки кога жената ќе добие трудови. Овој обичај е распространет ширум светот, но има и свои варијации кои се многу болни и невообичаени.

Тело избодено со заби од глодари

Во Бразил во одредени племиња таткото бил дел од своевидни страдања за да наводно и ги олесни маките на жената. Телото му го боделе со остри заби од глодари агути, а потоа раните му ги миеле со отровно лути сокови од тутун или посебна течност која се прави од бибер.

Необични сексуални обичаи ширум светот

Други племиња имале и обичај идните татковци да ги ставаат на ригорозна исхрана и тоа со недели, додека не станат коски и кожа. Во племето Вага-Вага било забранувано да јадат банани, кокоси, манго, шеќерна трска, пилешко, свинско и кучешко месо.

Ова се најчудните брачни обичаи во светот

Меѓутоа, најбруталниот обичај поврзан со породувањето доаѓа од индиското племе Хујчол.

Овие потомци на древните Ацтеки од планините во централно Мексико сметале дека мажот мора да ги почувствува породилните болки.

Ова се најсмешните и најбизарни закони во светот

Додека жената се пораѓа, во колиба или покрај дрво, нејзиниот маж и идниот татко мора да седи над неа, на греди или гранки, со подеднакво раширени нозе. Околу тестисите му врзуваат канап кој родилката може да го влече кога има силни контракции.

Leave a Reply