Шверц на марихуана на Табановце расветли детали за дилерот од Германија

Сподели со своите пријатели

По откривањето на обидот за шверц на 15 кг марихуана преку граничниот премин Табановце од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на германски автомобил, управуван од германски државјанин во март годинава, Одделението за истраги презеде натамошни мерки и активности за откривање на други инволвирани лица во кривично-правниот настан.

Loading...

Од спроведената истрага на случајот кога во повеќе фабрички делови во германско возило, управувано од Ф.В – германски државјанин беа пронајдени 15 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 15,5 кг, беше утврдено дека осомничениот ја набавил марихуаната во Западна Македонија и имал намера да ја пренесе во западно-европските земји, по што Одделението за истраги ја продолжи истрагата во координација со Бирото за царински истраги во Германија –ZKА (Zollkriminalamt).

Германските царински инспектори извршиле претрес во домот на осомничениот Ф.В.  каде била  пронајдена и запленета поголема количина на наркотични дроги (марихуана и амфетамини), оружје (пиштоли и пушка) и одредена количина пaри.

Успешното откривање и спречување на нелегалната трговија со наркотични дроги, е резултат на постојаната меѓународната соработка и размена на информации помеѓу царинските институции на двете земји.

 

Leave a Reply