Швајцарски весник пишува за мистериозното богатство на Харадинај

Сподели со своите пријатели

Швајцарскиот весник „Ноје цихер цајтунг“ објави текст во која пишува за богаството на косовскиот премиер и неговото расипничко прославување на Новата година, со едно прашање: Од каде му се толку пари?

– Невозможно е да се сокриете од политичките противници на Косово. Тоа пред десет години го искусија сведоците кои сакаа да сведочат против Рамуш Харадинај, а потоа замолкнаа. Харадинај двапати е ослободен од обвиненијата за воени злосторства и денес е премиер на земја. Но, сега мора сам да сфати дека и натаму е тешко да се сочуваат тајните за оваа испреплетено општество на големи семејства, пишува весникот во освртот на „мистериозното богатство на порешниот господар на војната“, а пренесува Дојче Веле.

Харадинај името тивко ја прославил Новата година со сопругата, трите деца и роднината во Швајцарија, ни помалку ни повеќе во хотелот „Карлтон“ во Сент Мориц.

– Поврзаноста со Швајцарија тој ја дели со многу поранешни кадри на герилската групација ОВК. Пред да стане воен лидер во војната во 1998/99 година, работел во Романдија како обезбедување во ноќен клуб. Швајцарија значи е логичен избор за одморот, пишуваат Швајцарците.

Но, од каде Санкт Мориц и од каде „Карлтон“., се прашува истражувачкиот портал „Инсајдери“. За една ноќ во 160 квадрати царски апартман, кој Харадинај наводно го резервирал, морал да издвои околу 5.000 франци. Заедно со новогодишната вечер аи другите удобности за десетдневниот одмор наводно платил 80.000 франци. Порталот пренесува дека точниот износ не може да се даде затоа што хотелот не открива такви детали. И кабинетот на премиерот молчи. Таму велат дека се работи за приватни прошетки со кои државата нема ништо.

Циришкиот весник потсетува дека Харадинај неодамна си ја покачи платата, а тогаш тоа го правдаше со трошоците за облекување во рамките со функцијата, па дека е и најплатениот премиер во регонот.

„Но, со таква заработка тешко може да се плати одмор во Сент Мориц. Како што рековме, на Косово е скоро невозможно да имате тајна. Нерешена останува мистеријата од каде е богатството на луѓето како Рамуш Харадинај, завршува весникот.