12.02.2018 01:33

Штрахе: Косово е дел од Србија

loading...

Во Белград денеска доаѓа австирскиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, а притоа испрати и порака до Србија пред официјално да пристигне во земјата.

Штрахе, кој е сојузен министер за јавна управа и спорт, воочи посетата на Белград рекол дека Косово без сомнеж е дел од Србија и дека би било пожелно северот на Косово да има право на самоопределување или автономија, како и дека е погрешно доколку врз Белград се врши притисок за признавање на Косово.

– Мислам дека признавањето на Косово е единствена работа на Србија. Да се притиска земјата поради тоа би бил погрешен пат, рекол Штрахе за весникот „Политика“ пред доаѓањето во Белград.

Штрахе рекол дека неговата Слободарска партија остро го критикувала австриското признавање на Косово, но дека тоа сега е факт кој повеќе не може да се менува.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments