Што се случува со вашето тело ако внесете помалку сол?

loading...

Солта е супстанција која не само што додава вкус на храната, но исто така се одразува на нашите тела на начини, какви што не може да се замислат. Сите знаеме дека солта е главниот извор на јод и ако не е вклучена во нашата исхрана, може да доведе до ситуација наречена гушавост, но исто така ако се консумира неконтролирано може да доведе до загрижувачки состојби.

6 знаци дека консумирате премногу сол

Погледнете што предизвикува таа во телото и зошто не треба да претерувате со нејзиниот внес:

1. Проблемот со отокот

Чувствувате непријатен оток во стомакот? Намалувањето на потрошувачката на сол може да ви помогне тука. Повеќе сол, значи зголемено количество на натриум во организмот што го предизвикува телото да продуцира дополнителна течност која од своја страна не може да биде исфрлена целата и затоа се чувствувате отечени.

5 начини да ја замените солта во јадењата

2. Висок крвен притисок

Натриумот не само што доведува до отекување, а има и директно влијание врз крвниот притисок. Лекарите тврдат дека ако се намали внесот на сол дури со 5 грама на ден, крвниот притисок веднаш ќе се намали.

3. Поголем ризик од кардиоваскуларни болести

Повеќе натриум – два пати поголем ризик од развивање на болести како коронарна срцева болест и срцева слабост. Вишокот потрошувачка на сол всушност ја дуплира својата закана. Најзагрозени за овој индикатор се пушачите, постарите луѓе, дијабетичарите и оние со висок крвен притисок.

Помалку сол, подолг живот!

4. Намалени ментални способности

Високиот крвен притисок ја напаѓа и мозочната активност. Луѓето кои консумираат повеќе сол и водат седечки начин на живот може да ги намалат значително когнитивните способности. За да се избегне ова, правете физичка активност барем 30 минути секој ден и намалете го внесувањето на сол.

5. Проблеми со бубрезите

Бубрезите играат важна улога за филтрирање на отпадните производи од крвта. Ако тие не функционираат правилно се добива нерамнотежа на течности во крвта, нарушено производство и циркулација на крвта и на крајот смрт.

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Солта нè прави гладни, а не жедни!

Високиот крвен притисок предизвикува дополнителни тензии на артериите, што доведува до бубрежна инсуфициенција. Според истражувањата, кога луѓето со бубрежни заболувања консумираат помало количество сол, се забележува значително подобрување во видот и однесувањето на бубрезите.

6. Кожа

Веројатно се прашувате каква рефлексија може да има солта на кожата … но да се вратиме на почетокот на материјалот во делот за задржувањето на течности и отокот. Потекува не само стомакот, туку и целото тело, заедно со лицето кое може да изгледа силно подуено и тоа со денови.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments