Што се случува кога не ги миеме забите?

Сподели со своите пријатели

На секој му е познат здравиот минимум од миење на забите два пати дневно. Срамната тајна на многу луѓе, сепак, е дека ја пропуштаат оваа важна за здравјето задача.

Според стоматолозите, занемарувањето на двапати миење на забите секој ден може да доведе до разни проблеми како разнишани заби, непца што крварат и дури и коронарна болест на срцето, пишува Daily mail.

Чајот ги штити забите и непцата

Loading...

Тим американски стоматолози открива накратко што точно се случува кога го пропуштиме миењето. На прво место е лошиот здив, кој сериозно може да ги оштети социјалните контакти и да нè дискредитира пред околината.

Ова води и до акумулација на плак и бактерии на забите. Тоа од своја страна доведува до ерозија на глеѓта и губење на забите. Друг проблем е крварењето на непцата, што е поврзано со голем број инфекции во усната шуплина, опасни за целото тело. Потоа доаѓа и пародонтозата која води до губење на забите. Неизбежна последица е и нијансирање на забите, што исто така не зборува добро пред светот за нас и нашата хигиена.

Најефикасните намирници за бели заби

Исхемичната болест на срцето е малку позната, но особено ризична последица од штетната навика. Таа е предизвикана од акумулираните во усната шуплина токсини и бактерии кои влегуваат поназад во телото и се мешаат со крвотокот. Така се поврзуваат со коронарните артерии и ги затвораат, по што се зголемува опасноста од срцев удар.

Специјалистите потсетуваат да не сме мрзеливи и да ја чистиме усната шуплина барем два пати дневно – пред појадок и пред спиење. Тие препорачуваат употреба на паста за заби со флуор. Четката за заби треба да се менува секој месец, бидејќи брзо се загадува. Наместо забите да се тријат напред и назад, четката треба да се движи малку во кружни движења.