Што порачуваше ТИТО на секој ученик во Југославија? (фото)

Сподели со своите пријатели

Генерациите родени во 60-те и 70-те години се сложуваат дека животот во некогашна Југославија бил феноменален. Меѓу другото, тоа се донесувало и на образованието кое било бесплатно за сите, а претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, имал мотивациона порака за сите ученици.

Имено, на почетокот на секоја ученичка книшка стоелна мотивационата порака на Тито во која пишувало:

„Учете добро и слушајте ги своите наставници. Тие сакаат од вас да направат добри, просветени граѓани на нашата земја. Настојувајте да бидете што подобри. Оние кои учат потешко, треба да вложат малку повеќе напор, а и тие ќе постигнат подобар успех. Морате да бидете истрајни во работата, ако не е доволен само еден час да научите некоја лекција, направете два или повеќе, но секогаш совладувајте ја добро. Учете напорно и сериозно, затоа што знаењето има голема важност за граѓаните на социјалистичките земји, како што е нашата Југославија. Имајте на ум дека кон социјалистичка Југославија имате големи обврски. Секогаш треба да запамтите дека заедно со повозрасите, за нашата нова Југославија се воера и свесно влегле во смрт и младинци од петнаесет и повеќе години, дека во најтешките битки војувале не мислејќи на тоа дали ќе излезат живи од битката. Нашите луѓе ги даваа свесно своите животи за да на идните генерации и младинци кои доаѓаат им овозможат подобар живот. Немојте тоа никогаш да го заборавите и нека ви е секогаш на срцето тежнението на тие жртви да им се одолжите на тој начин што добро ќе учите и ќе станете свесни граѓани на социјалистичка Југославија“ – пишувало во ученичката книшка на учениците во некогашната СФРЈ.

Што мислите за оваа порака, дали се сложувате со она што стои во неа?