Што кога егзекуцијата на осуденик во САД ќе пропадне по првиот обид?

Сподели со своите пријатели

Вили Френсис од Луизијата е погубен кон крајот на четириесетите години од втор обид. Првиот обид пропаднал, затоа што електричната столица не била споена како што треба. Бил погубен следната година.

Ромел Бром во 2009. година преживеал погубување во Охајо. Повеќе од два часа се обидувале да му ја пронајдат вената, но не успеале. Гувернерот на крајот го откажал погубувањето. Но, Врховниот суд во 2016. година одобрил втор обид за егзекуција и Вром ќе биде погубен на 17. јуни 2020. година.

Охајо во 2017. година го откажал погубувањето на Алва Кемпбел, затоа што исто така не можеле да му ја пронајдат вената. Врховниот суд одобрил ново погубување,а  гувернерот одредил егзекуцијата да биде извршена на 5. јуни 2019. година, наведуваат американските медиуми.

Затвореникот од Алабама Дојл Ли Хам (61) недалава преживеал погубување, поради што Врховниот суд би можел да одлучи повторно да добие смртоносна инекција или да го осуди на доживотен затвор. На Хам половина час безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената за да му вбризгаат отров од инекцијата.

Leave a Reply