Што да правите кога сексот ќе ви стане здодевен?

Сподели со своите пријатели

Ако вашиот сексуален живот станал здодевен, време е да го освежите со некои новости и така да ви биде интересно вам и на вашиот партнер.

Па, еве неколку идеи:

Ретро секс

Да се практикуваат нови работи во кревет може да биде забавно, но да се практикуваат нови работи вон креветот е врв на забавата. Ако сакате да го збогатите својот сексуален живот, вратете се во минатото. Наместо секс во лифт, пробајте секс на скали. Тоа е ретро секс кој сосема сигурно ќе донесе дополнително возбудување во вашиот сексуален живот.

 

Loading...

 

Пронајдете ја тетоважата

Дури и ако не сте љубители на тетовирање, ставете некоја привремена тетоважа и тоа на место до кое само тој има пристап. Предиграта започнете ја така што ќе му дадете знак да ја пронајде тетоважата. Правилата на играта можете сами да ги одредите. Не е лошо да истетовирате негови иницијали.

 

 

Заведување со мирис

Палењето на свеќи како вовед во сексуалното дружење можеби се чини како потег од романтичните филмови, но има и свои предности. Пронајдете свеќи со интересен мирис и редовно палете ги како дел од вашиот сексуален ритуал. По некое време, вашиот партнер ќе почне да го поврзува тој мирис со сексот и ќе биде доволно само малку да го почувствува и ќе посака секс.

 

Loading...

 

Направете домашно видео

Ако имате доволно храброст, предложете му на партнерот да биде сценарист на вашето приватно порно видео. Нека напише една мала сцена, а вие прифатете ја улогата. Потоа заеднички одглумете, а вие бидете ѕвезда на филмот. Кој знае можеби ќе ви се допадне.

 

 

Сменете ја професијата

Многу мажи се „палат“ на фризерки, масерки, келнерки… Обрнете внимание, тоа се жени кои се занимаваат со услужни дејности. Мажите сакаат од време на време жените да им угодуваат. Ова важи и во спротивна насока. Договорете се – вие бидете неговата фризерка, а друг пат тој нека биде вашиот масер. Така ќе го споите убавото и корисното.

Leave a Reply