Што да направите до 9 изутрина за свеж почеток на денот?

Сподели со своите пријатели

Утрото е времето во кое организмот ни се буди и има потреба од добар свеж почеток на денот. За да се наполните со енергија е потребно да прифатите некои ритуали, кои е важно да се извршат пред 9 часот наутро, за да сте енергични во текот на целиот ден.

Еве што треба да правиме рано наутро пред да стане 9 часот.

1. Станете колку е можно порано.

Спиењето до доцна или до последен момент пред да го пропуштите градскиот транспорт е штетно. Целата оваа паника од станувањето во последен момент и трчање за работа штети многу на организмот – повеќе отколку што мислите.

2. Медитирајте.

Медитацијата помага да го смирите нервниот систем, да ги фокусирате своите мисли, да се подготвите енергетски за денот и претежно да се разбудите непречено и пријатно.

3. Истегнете се.

Истегнувањето помага да го подготвите телото за претстојниот обично напорен работен ден. Истегнувањето е корисно за зглобовите, ја подобрува координацијата и флексибилноста, циркулацијата и работата на голем број органи. Покрај тоа ги стимулира психичките процеси и ментално здравје.

4. Пијте една голема чаша вода 1 час пред да доручкувате.

Дури е препорачливо да го пиете утринското кафе откако сте пиеле вода. Ова помага за добрата хидратација рано наутро, од која вашето тело има потреба.

5. Направете колку што е можно поедноставни работи.

Не брзајте да ја отворите поштата, да ги организирате задачите да правите појадок, да тренирате, да ги подготвувате децата (ако имате такви) за денот. Само редуцирајте ги обврските рано наутро и обрнете внимание на себе. Само така ќе сте продуктивни и енергични во текот на денот.

6. Направете нешто што ве мотивира.

Без разлика дали е слушање музика, гледање телевизија, пеење под туш, пишување, цртање или што и да е – правете го рано наутро.

7. Пуштете музика, која ја промовира мислата и смирува.

Обично тоа е класичната музика или пријатна и смирувачка инструментална, но може и да е само вашата омилена музика. Пронајдете се себе и дознајте што ве прави спокојни и продуктивни.