Штитениците на Порака наша дел од проектот „Заедно“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на поранешен Комитет денес се одржа промоција на проектот на Европската унија –  „Заедно“, во организација на СОЛЕМ, а сето тоа да им се помогне на лицата со интелектуална попреченост, корисници на Порака наша.

 DSC_0019

Настанот е во соработка со Удруга за самозаступање од Хрватска, а под покровителство на Европската Унија.

 

Loading...

DSC_0018

Целта на овој проект е соработката на лицата со самозастапување на лицата со интелектуална попреченост, значи возрасните лица со интелектуална попреченост како активно да се вклучат во општеството – рече Искра Росо од здружението СОЛЕМ.

 

Во рамките на проектот е издадена е и конвенција за правата на лицата со посебни потреби.

 

DSC_0016

Лицата со интелектуална попреченост ќе можат да поминуваат низ работилници низ кои што ќе ја градат својата личност да можат тие да донесуваат сами одлуки за својот живот – изјави Дејан Стојановски, волонтер во Порака наша.

 

Loading...

На работилницата свое обраќање имаше и програмскиот менаџер, од делагацијата на Европската унија, Софие Беумонт, а пред штитениците на Порака наша за самоодредувањето презентација изведе Александар Василевски до СОЛЕМ, како и Елена Чаповска за самозастапувањето.

DSC_0011