ШОКАНТНА ЕМИСИЈА: „Очајни ИСИС домаќинки“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Голема прашина се подигна поради сатиричната телевиска емисија, односно пародија на американските ријалити шоу програми за богати и размажени вдовици од Њујорк и Беверли Хилс.

Во тој контекст се прикажуваат Британки кои отушле во Сирија за да станат жени на терористи на ИСИС или пак сами се придружиле на џихадистите на Исламската држава. Во една сцена девојката вели:

Само три дена останаа до отсекувањето на главата, а јас немам претстава што ќе облечам.

https://www.youtube.com/watch?v=ypaFcoBIW0c

Loading...

 

Друга додава дека пети пат станала вдовица, а тогаш се слуша детонација на бомба и се гледа како паѓаат парчиња од таванот во станот. Девојката на тоа само вели: „Шести пат“.

Во една сцена жена во хиџаб зборува каок таму е се како што оние лица на четот регле дека ќе биде, а притоа клечи и го чисти подот и полугласно додава: „Ова не морав да го работам во Бирмингем“.

Младите Британки во редовите на ИСИС се прикажани како тинејџерки кои седат на кревет и објавуваат фотографии на Инстаграм со хаштагови „ОМГ“ или „Џихади Џејн“, кога на вратата се појавува нивната пријателка во нов прслук со експлозив кој и го подарил мажот. Во тој момент на вратата се појавува друга пријателка, исто така во прслук на бомбаш самоубиец, поради што другата девојка изнервирано ќе искоментира: „Знаеше дека имам ваква јакна и мораше да ме копира“.

Емисијата со скечевите од контроверзните политички коректности прв пат е објавена деновиве и милиони луѓе ја погледнаа на социјалните мрежи. Се работи за видеото „Real Housewives of ISIS“ кои се емитуваат на ВВС 2.

Сценаристи се Хејдон провс и Џолион Рубинштајнт.