ШКОТЛАНЃАИТЕ ОДЛУЧИЈА: Со фен за коса против брзо возење, еве како

Сподели со своите пријатели

Жителите на едно село во Шкотска низ кое автомобилите минуваат и со брзина над 100 километри на час, се досетиле како да ги успорат.

Ја преземале работата во свои раце, во дречаво жолто-зелени градници какви користи полицијата, мештаните ќе стојат крај патот држејќи фен за коса кој од далеку личи на рачен полициски радар за мерење на брзина.

Жителите на селото Хоупмен немаат многу успех, но истрајни се, семтајќи дека и со тоа укажуваат на проблем и на возачит еи на властите, додека полицијата на Шкотска вели дека се свесни за брзото возење во таа област и дека постојано се знаимава со тоа.

Не е прв пат некој да се досетил за тоа, наведува ВВС и наборјува дека тој трик е користен во 2000 година во селото во Англија, потоа во 2012 година на Флорида, а и во 2016 година во селото во Полска каде некој дури крај патот поставил кукла во униформа на сообраќајната полиција во чија рака бил фен за коса.