Шилегов: Ова е вистината што сакаше да ја сокрие Груевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Никола Груевски се согласил на анализа за спроведувањето на Рамковниот договор, обвини денес портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, истакнувајќи документ со кој наводно Груевски сака да сокрие дека Владата стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи од 1 декември во Скопје.

Loading...

Еве документ со архивски печат од Владата. Дали целта на неодговорниот Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија само себеси да се спаси, праша Шилегов.

 

  • Груевски се обиде да сокрие дека Власта стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. Потпишан е вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија која е причината за Конференцијата, изјави Шилегов.

Според Шилегов, Груевски измислува приказни за федерализација за да го покрие овој владин документ.