Шест пожари вчера изгласнати во кумановско

Сподели со своите пријатели

Вкупно шест пожари, од кои пет на запалена сува трева биле локализирани во текот на вчерашниот ден од екипите на Територијалната против пожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 16:55 до 17:10 часот сува трева горела кај „Здравје Радово“. Учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Во период од 16:30 до 16:55 часот сува трева горела во населбата Перо Чичо. Учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Во период од 11:55 до 13:00 часот сува трева горела во атарот на селото Шупли Камен. Учествувале четворица пожарникари со едно возило.

Во период од 11:15 до 11:45 часот сува трева горела на потегот помеѓу ЕВН Куманово и поранешен „Житомел“. Учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Во период од 11:15 до 11:45 часот се запалил контејнер на улицата „Тодор Велков“. Учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Во текот на  ноќта пожарникарите имале една интервенција на запалена сува трева во атарот на Агино село, каде во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно возило.