Шест пораки кои ни ги испраќа телото со зголеменото потење

Сподели со своите пријатели

Често ве облива пот, без оглед на тоа кое е годишно време и колку е топло надвор? Можеби е време да го послушате своето тело и да сфатите што тоа сака да ви порача преку зголеменото потење.

Под стрес сте

По мирисот на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло се активираат екрини жлезди кои се ноаѓаат по целото тело и произведуваат пот која обично се состои од вода и сол и нема изразен мирис.

Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди кои се наоѓаат само на одредени делови од телото како пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така се предизвикува непријатната миризба.

Како стресот влијае на нашиот мозок (видео)

Loading...

Ширите позитива или страв

Истражувањата покажале дека луѓето во ваша близина можат да препознаат што чувствувате според мирисот на вашата пот. Во еден експеримент 36 жена морале да помирисаат примероци од пот на 12 мажи кои претходно гледале филмови кои имале задача да ги направат среќни или да ги преплашат.

Кога жените ги ја помирисале потта на преплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта на среќните мажи, тој мирис предизвикал во нив блага реакција и насмевка.

Ви прети опасност од топлотен удар

Врел летен ден, чувствувате дека престанувате да се потите и ви се врти се околу вас. Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и при која вашето тело не може да се „разлади“ со потењето.

Многумина ова го прават кога им е топло, а тоа е најлошата работа!

Ако во тој момент веднаш не го хидратизирате своето тело со вода ви се заканува опасност од топлотен удар. Засолнете се во сенка или во благо климатизирана просторија и пијте вода. Никако не конзумирајте алкохолни пијалоци или напитоци со кофеин затоа што тие предизвикуваат дехидратација.

Ви паднал шеќерот во крвта

Зголеменото потење е една од симптомите на нагло паѓање на нивото на шеќер во крвта. Овој проблем можете лесно даго решите со конзумирање чоколадо или било какви слатки кои ви се најдат при рака.

Трудни сте или влегувате во менопауза

Ако постои можност да сте трудни или пред менопауза, тогаш обрнете врнимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот состав можат да преидизвкаат зголемено потење. Баш тоа се случува кај поголемиот број жени кои влегуваат во менопауза и се борат со валунзимот.

Слична работа се случува и на почетокот на бременоста. Тога хормоналните промени преизвикуваат промени во термостатот на мозокот поради кои топлината можете да ја чувствувате дури и во силно климатизирани простории и засилено да се препотувате.

Науката открива дека најдобро е да се има деца на 35-годишна возраст

Имате хипердриоза

Ако не можете да ја најдете причината за зголеменото потење, постете лекар затоа што е можно да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги надминува нормалните терморегулации на телото.

Луѓето кои имаат хипердриоза се потат во моменти кои не би требало, пример кога седат во целосно мирна и студена просторија. Нивното потење е толку зголемено што во таквите моменти доаѓа до течење пот низ дланките.