Шест лица од Куманово заработија кривични пријави за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.М. (33), С.Р. (51), А.Р. (24), Б.Ќ. (33) и еден  седумнаесетгодишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 15.08.2016 година Ф.М. отишол кај С.Р. во канцеларијата на правното лицето „Бајер“ Куманово каде настанала вербална расправија заради неизвршени услуги по основ на претходен договор по што се договориле да отидат кај извршител во Куманово.

По кратко време Ф.М. повторно се вратил во правното лице „Бајер“ каде ги затекнал останатите пријавени со кои настанала вербална расправија по која останатите пријавени физички го нападнале удирајќи го со тупатници по главата и телото, а откако успеал да излезе влегол во своето возило и истото го стартувал и со предниот дел влетал во внатрешноста на деловниот простор по што Б.Ќ. со тврд предмет започнал да удира по возилото оштетувајќи го истото.