Шефот на Јакуза 15 години бегал од полицијата, но приведен е поради фотографија на „Фејсбук“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Фотографија од старец со истетовиран грб, кој на улица играл социјални игри на Тајланд, станала многу популарна на Фејсбук, а лицето кое ја направило фотографијата не претпоставувало кој се наоѓа на неа.

Се работи за Јапонецот Шигехару Шираји (74), шеф на Јакуза, кој веќе 15 години бега од полицијата.

Како живее озогласениот мафијашки бос? Мафијата Јакуза минува низ криза (видео)

Loading...

Шираја е осомничен дека го убил сопарникот од бандата во 2003 година, пренесува ВВС.

Фотографијата е направена на улица во градот Лопбури, северно од Банког, а Јапонецот е приведен поради крешење на условите за виза и ќе биде испорачан во Јапонија.

 

 

Тој на тајландската полиција признал дека е член на јакуза, но не го признал убивството од 2003 година. На Тајланд дошол во 2005 година.

Иако не е легално да се биде член на јакуза, поголемиот дел од нивната заработка се стекнува низ коцкање, проституција и трговија со дрога.

КОИ СЕ ЈАКУЗИ?

Јакузи, познати и како gokudō, припадници се на јапонската криминална организација, традиционален синдикат на организирани криминали, исто така познат и како „насилнички групи“.

Името го добиле поради популарната игра со карти ханафуда, односно најлошата комбинација која играчот може да ја извлече 8 (ја), 9 (ку) и 3 (са) што во буквален превод значи безначајно, па во Јапонија ги наркеуваат 893.

 

 

Најбројна се криминална организација во светот. Се препознаваат по кратката потшишана коса, тетоважи по скоро целото тело, најпопуларни се ирезуми и хоримоно и по недостатокот на малиот прст на раката (ритуално отсекување кое се нарекува јубитсуме). Имено, при првиот прекршок сторителот мора да го отсече врвот на малиот прст на левата рака и да го предаде на својот надреден.