„Шарената револуција“ вечерва повторно во Куманово

Сподели со своите пријатели

По една недела пауза вечерва со почеток во 19 часот пред зградата на Основниот суд ќе започне уште еден протестен марш во организација на граѓанското движење „Протестирам“.

На протестот првин ќе се обрати Дамјан Манчевски од извршниот одбор на СДСМ, а потоа ќе започне марш по улиците во централното градско подрачје, каде сообраќајот селективно ќе биде затворен.