Шампионките на СВСК на прием кај градоначалникот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово кои месецов освоија титула во државното првенство и Купот на Македонија денеска беа на прием во Општина Куманово.

Со најави за поголема поддршка таму ги пречека првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој им се заблагодари за постигнатите успеси и промоцијата на Куманово.

Ние како сојуз на спортови ви даваме некоја минимална логистичка поддршка со тернинзи, транспорт, сега се договараме и малку поконкретна подршка да направиме на екипата, мислам дека ова нека биде добар пример за сите спортски клубови кои сакаат да се занимаваат сериозно со спортот, да така одано се дадат на спортот, еве вашиот ангажман даде резултат дупла круна можеби прв пат во Куманово еден тим да земе и првенство и куп. Изразувам моја голема благодарност, благодарност на граѓаните на Куманово кон овие млади девојки имаме тука и од Скопје и од Куманово, но тоа не е важно, големи тимови имале секогаш играчи и од други места. Ова е симбол за Куманово и се надевам дека ќе продолжиме со соработката, давам ветување дека општината ќе направи се во понатамошниот период да на некој начин имате подобри услови, не е нешто спектакуларно, но ќе ги покрие новите потреби  – рече Дамјановски.

Loading...

Тренерите на клубот најавуваат дека следната сезона ќе дадат максимум да постигнат што подобри резултати.

Апсолутно целава сезона ја одиграа маестрално, како секој клуб имавме успони и падови она што е битно е завршницата, кога требаше и резултатот беше што беше, тие излегоа во пресрет изиграа максимално, оставија срце на терен и донесоа огромен резултат. Треба да се спомене дека сите ние сме волонтери играме со минимални средства и минимален буџет, но тоа не значи дека не се бориме за себе и за својот клуб,  – вели Денис Вујадиновиќ, тренер на ОК СВСК.

Голема благодарност до градоначалникот и секторот за спорт кои ни дозволија одредени услови да ги постигнеме овие успеси, се надевам од следната сезона дека ќе имаме и понатаму соработка помеѓу двата клуба, се надевам дека ќе имаме поради тешката ситуација на општината и поголема поддршка да бидеме на поорганизирано ниво, еденс тепеник да отидеме нагор,е нашите обврски да бидат поголеми и целта да можеме да ја оставиме на крајот на годината.

Инаку одбојкарките на СВСК по цели 24 години донесоа два клупски пехари во Куманово, а од општината и клубот се надеваат дека до следниот нема да биде потребно толку многу време.