Шаблонот со Браево писмо недостасува на некои избирачки места, реагира „Инклузива“

Сподели со своите пријатели

Шаблонот со кој денеска треба да гласаат слепите и лицата со попречен вид на дел од избирачките места ги нема, реагира Здружението за развој и промоција на инклузивно општество „Инклузива“.

Здружението има испечатено 3.500 постери со упатства за гласање за лицата со оштетен слух, а исто толку шаблони со Браева азбука на кои треба да гласаат слепите лица. Меѓутоа не е доставен до сите гласачки места, вели Благица Димитровска од Инклузива.

– Информации од терен покажуваат дека не е доставен на сите гласачки места, тоа се наши неофицијални информации бидејќи имаме наши набљудувачи на терен, но и самите лица преку порака или на телефон  не известуваат. На некои гласачки места има на некои нема, според нас тоа е дискриминација.

Димитровска вели дека според информациите од набљудувачите на терен и гласачите проблеми имаат и лицата во количка, бидејќи параваните за нив се премногу високи.

– За параваните за гласање некои лица реагираат, односно лицата во количка дека е многу мал не знаејќи дека треба да го земат со себе и да се сместат во место каде што  нема да се наруши нивата тајност на гласање, апелирам овој нов параван секое лице во количка каде што ќе дојде до него да го земе на место каде што тајнноста ќе му биде сочувана, изјави  Благица Димитровска, здружение Инклузива.

Инаку претходно Здружението „Инклузива“ во соработка со УСАИД, а преку проектот „Политичко учество на лицата со попреченост“ обезбедија флаери и изборен материјал за гласање на лицата со попреченост, а за таа цел организираа и низа обуки во поголемите македонски градови.