Северна Кореја објави фотомонтажа како ги уништува САД (видео)

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот државен портал „DPRK Today“ објави серија фотомонтажи на кои е прикажано како севернокорејските ракети уништваат американски бомбардер Б-1Б и носач на авиони, кои се исти како оние кои го прелетале меѓународниот воздушен простор на севернокорејската граница.

Порталот објави колаж само неколку часа откако американската војска објави дека бомбардерот го прелетал меѓународниот воздушен простор на брегот на Северна Кореја.

Обајвено е и видео кое започнува со говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред војниците во базата „Ендрјуз“ во Мериленд, а потоа фотографиите од бомбардерот Б-1Б и Ф-15Ц, кои со помош на компјутерска графика се уништуваат со балистички ракети од среден дострел.

Во видеото се прикажува и севернокорејската подморница како напаѓа американски нуклеарен носач на авиони „Карол Винсон“.

Доналд Трамп во говорот пред Генералното собранието на ООН се закани дека во целост ќа ја уништи Северна Кореја, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одговори дека Трамп е „пореметен“.

https://youtu.be/Nz9AE15nD0M

Loading...