Седум месеци биле во ријалити, никој не им кажал дека е откажан

Сподели со своите пријатели

Откако година дена минале отсечени од модерниот живот во планина во Шкотска, натпреварувачите од ријалити емисијата „Еден“ (Raj), се вратиле во цивилизација само за да дознаат дека програмата била откажана уште пред седум месеци.

Концептот на шоуто е едноставен, дваесет и тројца биле испратени на одалечена локација во шкотските планини, каде немале никаков контакт со надворешниот свет и требало да функционираат како самоодржувачко друштво. Така требало даминат година дена и сето тоа да биде снимено со камери.

Снимањето зпаочнало минатиот март, а првата епизода била емитувана во јули. Со оглед на прилично малата гледаност, шоуто било откажано по само четири недели.

Проблемот е што се испоставило дека самите натпреварувачи никој не ги известил за прекинување на емитувањето. Десет луѓе кои во таа микро држава издржале цела година не знаеле дека елевизијата не ги пренесува нивните активности и дека се тамо без никаква причина.

Поента на шоуто е во тоа што се работи за реален експеримент и кога снимањето започна немавме претстава какви ќе бидат резултатите и како ќе реагираат натпреварувачите на долготрајната изолација во дивината. Затоа се одлучивме на тоа, а приакзната за тоа како го минале времето, со успони и падови, ќе биде прикажана подоцна оваа година – рекла од „Канал 4“ во својата одбрана, а пренесува британскиот „Гардијан“.

Делува како тоа да е слаба утеха за луѓето кои изгубиле година дена од својот живот.

 

Loading...