Седум години се обидува да докаже дека е жива

Сподели со своите пријатели

Кога администрацијата ќе погреши, исправањето на тие грешки често чини многу енергија и нерви.

Токму таквата ситуација се случила со Хуана Ескудеро од Шпанија (53), која е жива и здрава, но за државата мртва.

Имено, таа веќе седум години се бори да докаже на властите дека е жива, бидејќи поради административна грешка е регистрирана како починато лице. Поради тоа не може да заврши некои од основните обврски, да закаже преглед на лекар или да ја обнови возачката дозвола.

Бидејќи нејзината мака грае долго, Хуана предложила на властите сама да ги ексхумира посмртните остатоци од „својот гроб“ и да докаже дека тука не е погребана.

Инаку, се започнало пред седум години кога починала жена со исто име и датум на раѓање. Таа жена починала во Малага, а Хуана живеела во местото Алкала де Гвадиара кај Севиља.

По смртта на таа жена, бројот на социјалното осигурување на Хуана бил избришан од системот, па така сега официјално е мртва за шпанските власти.

Во првиот моменто на Хуана и нејзиното семејство тоа им било смешно, но набргу започнале проблемите.

Хуана дознала дека е мртва по интервенција во Итната помош во местото во кое живее. За среќа, лекарката ја познавала од претходно, па прифатила да ја прими.

– Кога во компјутерот ќе го внесе моето име излегува известување дека сум мртва. Секако, ме прими, бидејќи ме познава, а и виде дека ми е неопходна интервенција, вели Хуана.

Loading...

Бидејќи мислела дека проблемот ќе се реши брзо и едноставно, Хуана отишла во филијалата за социјално осигурување. Мислела дека ќе биде доволно да ја видат жива и да им објасни дека станува збор за грешка, но…

Таму сфатила дека ситуацијата е сериозна, со оглед дека нејзиното име било одјавено ви сите можни државни институции. Исто така и било кажано дека е погребана на гробиштата во Малага.

Хуана и натаму заедно со семејството се бори да докаже дека е жива, но уште не е близу до решавање на проблемот. А проблемите се собираат. Имено во 2011 година починал нејзиниот маж и не можела да ја наследи неговата пензија, бидејќи не можела да докаже дека е жива. Година дека подоцна истекла и нејзината возачка дозвола, која веќе пет години не може да ја обнови, бидејќи и било кажано дека мртви луѓе не може да возат.

Но, најбизарниот момент се случил минатата година.

Хуана, имено го повикала градскиот совет на Малага да за ја реши оваа ситуација. Тогаш и рекле дека таксата за нејзиниот гроб не е платена и дека нејзините посмртни остатоци ќе бидат кремирани и префрлени во урна.

– Тогаш останавме без текст. Бидејќи видов дека мама е збунета, ја земав слушалката од неа, за да и мене ми го кажат истото. Не знам дали ме сфатија, односно дека мојата мајка е жива и дека стои покрај мене, вели Марта, ќерката на Хуана.

Последната шанска на Хуана сега е ископување на остатоците на нејзината имењачка и спроедба со ДНК.

Инаку, иако Хуана за властите е мртва, за банките е жива и тоа како. Редовно и наплаќаат рати за кредит и и земаат уплати за животно осигурување.