Седум дена беше сам без телефон и компјутер: На крајот на неделата ја дозна суровата реалност (видео)

Сподели со своите пријатели

Момче по име Џо поминал недела дена сам во станот без било какво човечко друштво и пристап до технологија, во социјален експеримент кој има за цел да ја проучи осаменоста.

Џо своите запазувања во текот на тие седум дена ги бележел со камера, па сите луѓе биле во можност да видат како неговото расположение се менувало. Иако во почетокот не му пречело што е сам, набргу се испоставило дека не му е сеедно.

Социјален експеримент: Што се случува со луѓето кога не се на Фејсбук (видео)

Loading...

– Сфатив дека ми недостасува тоа што кај себе немам мобилен телефон и дури и бев љубоморен на соседите кои можат да излегуваат од своите станови и да се дружат со другите луѓе, раскажува Џо.

Додека бил сам цело време обично гледал телевизија, спиел и вежбал. Откако поминала цела недела, Џо можел да излезе од станот и тогаш го запознал стариот човек по име Бери.

Тој бил вдовец кој живее во соседството и кој е добро запознаен со она низ што Џо морал да помине. Често бил осамен и сметал дека е потребно да се крене свеста на луѓето за тоа дека голем број постари лица се често осамени.

Експеримент со лотарија покажа кој е чесен, богатиот или сиромашниот (видео)

Статистиката вели дека повеќе од половина милион луѓе минуваат повеќе од недела дена, а никој да не им дојде во посета.