Се запалило електрично броило на куќа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во изминатото деноноќие бележат само една интервенција и тоа на опожарено електрично броило во семејна куќа лоцирана на улицата „Питу Гули“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На терен во 11:35 часот излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило и интервенирале еден час, односно до 12:35 часот.

Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.