Се запалиле електрични броила на станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово завчера интервенирале на опожарени електрични броила на стамбена зграда лоцирана на улицата „Боро Пбр. 29“, пишува во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Откако бил примен повикот во 22:45 часот четворица пожарникари со едно противпожарно возило се упатиле на локацијата и интервенирале до 23:30 часот.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

 

Loading...