СЕ ЗАКАНУВА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Силна соларна бура тргнува кон Земјата

Сподели со своите пријатели

Американската океанска и атмосферска агенција (NOAA) објави дека на Земјата и се приближува силна соларна бура која би требало до нашата атмосфера да пристигне во секој момент и да предизвика бројни проблеми.

Соларната бура се јавува поради ерупција на плив на сончевата површина, а високомагнетизираните честички – плазми, до Земјата пристигнуваат со огромна брзина. Овие бури го прават и еден од најубавите феномени, Aurora Borealis, но исто така можат да ги пореметат окмуникациските и навигациските уреди, да оштетат сателити па дури и да предизвикаат прекин на електричната енергија.

Имено, ако плазмата се судри со Земјата, може да предизвика геомагнетски бури и тоа во близина на Земјините полови каде и магнетното поле е најслабо.

Во откромври дури и претседателот Барак Обама предупреди на последиците кои овие соларни бури ги имаат на луѓето и нивното здравје. Големите соларни бруи се јавуваат на секои 150 години, а последната се случила во 1895 година и позната е како Карингоново случување по британскиот астроном Дејвид Карингтон кој ја забележал. БИла толку силна што ги пореметила телеграфските машини на два континенти, а поларната светлина се гледала и во Африка, Австралија, Латинска Америка и во САД.

 

Loading...

 

Кога денес на половина послаба соларна бура би ја погодила земјата би настанала штета од 2,6 милијарди долари и тоа само во Соединетите Американски Држави.

НАСА проценила дека шансите бура со таква величина да ја погоди Земјата во период од 2012 до 2022 година е 12%.