Се вљубил преку интернет, заминал на друг континент, па зажалил (фото)

Сподели со своите пријатели

Дека луѓето се подготвени на секакви чекори во името на љубовта докажува и случајот на Британецот Глајн Томас Бејли кој преку интернет запознал жена од Доминиканската Република, поради која одлучил да отпатува на друг континент.

Самохраната мајка Вилфа Сото Пеферо рпифатила средба по шест месеци допишување преку „Google Translate“. Флајн и ветил дека ќе и помогне во одгледувањето на нејзините четири деца, но кога тој се појавил на вратата со карта во една насока и без пари, прилично се разочарал.

Му објаснила дека не може да се грижи за него и рекла дека тој мора да најде начин да се врати дома.

Loading...

– Барав да ми испрати пари за да можам да го дочекам кога ќе слета, но не ми испрати ништо. Сепак не сакав да го напуштам па позајмив пари и заминав по него на аеродромот. Кога сфатив дека дошол со намера да остане, морав да му објаснам дека не сакам да го носам на грбот. Му го објаснив тоа на илјада начини. Да имам свој дом би дозволила да остане, но тоа не е случајот, рекла Вилфа.

Нивната приакзна станала приличен хит на карипското подрачје, а локалците на несреќниот Биртанец му се смеат на социјалните мрежи.

Изгледа дека сепак се надева на среќна љубов со Вилфа затоа што на својот Фејсбук профил во повеќе наврати објавил љубовна песна посветена за неа.

Моментално британската амбасада во Доминиканската Република му помага да се врати дома, пишува „Дејли Мејл“.