Се степале малолетници, едниот прободен со нож

Сподели со своите пријатели

Двајца малолетници од Тетово синоќа се степале, по што едниот со нож на другиот му нанел убодна рана во стомакот и побегнал. Подоцна заедно со родител се пријавил во полиција и го предал ножот.

Инцидентот се случил на синоќа околу 19 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, поради нарушени меѓусебни односи на малолетниците.

Во тепачката, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот, потоа побегнал, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Во присуство на родител, 16-годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА

Loading...