Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено (фото)

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска попладне врз шифачки дуќан лоциран во непосредна близина.

 

Loading...

 

Според првичните информации од терен, во моментот кога се срушил дел од фасадата во шивалната се наоѓале неколку лица, кои панично започнале да излегуваат од дуќанот. Сопственикот на дуќанот се здобил со гребнатини и полесни повреди, по што со возило на Итната медицинска помош лицето е пренесено на Одделението за хирургија при Општа болница Куманово, информираат од кумановската Итна помош.

 

 

На терен се и екипи на СВР Куманово и се очекува во секој момент да започне увид на местото на настанот.

Засега е непозната причината за рушењето на фасадата, но се препоставува дека дотраеноста на објектот во комбинација со силниот ветер направил оштетувања.

Според неофицијални информации на уште една зграда во центарот на Куманово е забележано мало оштетување.