Се шокирала кога на кутија со цигари го видела својот татко на смртна постела (фото)

Сподели со своите пријатели

Џоди Чарлс (42) видела фотографија од својот починат татко на кутија цигари кои ги користел нејзиниот пријател.

Веднаш паднала во апсолутен шок. Според нејзините тврдења, целосно е сигурна дека е во прашање фотографија од нејзиниот татко Давид Рос, кој починал во 2015 година во 66-та година од животот.

Džodi Čarls

Џоди, исто така тврди дека не постои шанса покојниот Рос да дал согласност неговата фотографија да биде користена како „опомена“ на пакување со цигари. Рос во текот на животот не бил пушач, но починал поради проблеми со неповрзана коскена срж, септикемија и лимфоми – ретки видови на рак на крвта.

Džodi Čarls

Давид Рос поминал 10 месеци во болница, каде бил приклучен на апарати, а за тоа време некој морал да го фотографира несреќниот човек.

Dejvid Ros

Фотографијата од кутијата цигари прикажува човек како лежи без свест во болнички кревет соцевка за дишење во устата. Европскат акомисија тврди дека е во прашање фотографија од некој друг маж, но Чарлс знае дека тоа е нејзиниот татко.

Džodi Čarls

Џоди Чал се заканила со тужба доколку не добие потврда која негира дека ликот на нејзиниот покоен татко е злоупотребен,