Се пробол со нож за да добие слободен ден (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден Јапонец решил да земе неколку слободни денови, а не размислувал многу за начинот како да дојде до нив. Масару Миура смислил нешто што ги шокирало и полицајците кои се сретнале со секакви случаи до сега.

Имено, тој во тоалетот на станицата од метрото се избол себе си во колк со нож. Овој 54-годишен жител на Јапонија потоа заминал во најблиската полициска станица и рекол дек анепознат маж му пришол зад грб и го пробол.

Додека чекал да му ја сошијат раната, полицијата продолжила со испрашувањето, се додека Миура не признал дека тоа си го направил самиот за да не мора да оди на работа.

 

Loading...