Се пожалила на алергија од кучињата во авионот: Нив ги оставиле, а неа ја исфрлиле од летот (видео)

Сподели со своите пријатели

Нов инцидент на американската воздушна линија – полиција со употреба на сила од авион исфрлила жена која се пожалила дека е алергична на влакно од куче.

Целиот настан бил забележан со телефони и споделен на социјалните мрежи. На снимките се гледа како полицајците од авио компанијата „Саутвест ерлајнс“ на сила ја извлекуваат жената која пружа отпор.

Ако го слушнете оваа име додека се возите во авион значи дека истиот превезува и мртовец!

Loading...

Имено, во авионот кој требал да полета од Балтимор за Лос Анџелес имало и две кучиња. Жената се пожалила на екипажот дека има сериозна алергија на кучешко влако, а екипажот побарал од неа да го напушти авионот. Откако таа одбила, била повикана аеродромската полиција.

Поучени од тужба за претходен сличен случај, компанијата „Саутвест ерлајнс“ по инцидентот бргу се извинил.

– Многу ни е жал што ситуацијата излегла од контрола и клиентот е отстранет од летот од страна на локалните сили на редот, рекол портпаролот Крис Мајнц.

Мајнц објаснил дека патничката која не сакал да ја именува, пријавила дека има алергија која може да и го загрози животот, но немала лекарска потвтрда дека „мора да го продолжи летот“.

„Го летнал гулабот“ па морале да го приземјат авионот поради смрдеа (видео)

Портпаролот тврди дека компанијата и понудила алтернативно решение следниот ден затоа што се работело за последен вечерен лет, но таа одбила.

Сведоците велат дека жената која се претставувала како професрока, на полицајците им рекла дека не може да го напушти авионот, затоа што мора да стигне на операцијата на својот татко, закажана за утредента.

https://youtu.be/kyUiPcggHnc