Се обидел да шверцува три грама марихуана на Табановце

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за криумчарење на 3 грама марихуана, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

При личен претрес на полски државјанин, патник во полски автобус, пријавен за излез од државата, во мала торбичка за документи, биле пронајдени околу 3 грама зеленкаста тревкаста материја, спакувана во три мали хартиени пакувања, сместени во платнена вреќичка за наочари.

При проверка на материјата со тeстер за марихуана, било утврдено дека се работи за опојна дрога марихуана. Лицето и марихуаната се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.