Се напиле па се играле со вентили: Тројца мажи потопиле две села

Сподели со своите пријатели

Тројца пијани мажи потопиле две села во Виетнам.

Минатата среда околу 2 часот наутро провалиле во контролната соба на браната и го отвориле вентилот. На селото Сон Нгуен и Суои Бац се излиле два милиони кубни метри вода.

Водата уништила 15 тони шеќерна трска, а штетата која пијаните мажи ја направиле се проценува на 12.500 евра.

За среќа во поплавите никој не е потешко повреден. Се уште не се знае каква казна ќе добија, но како што пишува „Шпигел“ можно е да им се одреди само парична казна.

 

Loading...