Се чистат патиштата во приградските населби во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во општината Куманово  во  моментот  има околу  20  см, а од рано утринава продолжија снежните врнежи. Сите патни правци во општината се влажни, а сообраќајот се одвива во тешки зимски услови.

Од куманосвката подржуница на „Македонија пат“ велат дека сите регионални патишта под нивнанадлежност се делумно проодни. Во Куманово градските патишта се проодни, а екипите кои се надлежни за расчистување на снегот се на терен и нема поплаки од грѓани на Куманово,со исклучок во приградските и селските  средини непроодни патни правци.

Во текот на вчерашниот ден биле чистени патиштата во приградските наслеби: Карпош, Ајдучка Чешма, Проевце, Доброшане, патниот правец Бедиње – Режановце, Пчиња – Студена Бара, како и патот село Орашац – село Градиште, а во текот на денешниот ден се очекува чистење на селото Скачковце, Никуљски пат во населбата Карпош и селото Романовце. Како што велат од Општина Куманово, екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ работат на одржување на улиците во градските подрачја и тротоарите пред  пред административните објекти и државните објекти во Општина Куманово.

Во Општина Старо Нагоричане, сообраќајот се одвива отежнато и сите планински села се отсечени, а од општината е испратено барање за интервенција на тешка механизација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Булдожер на Дирекцијата вчера бил ангажиран на патот Бајловце – Макреш – Канарево, а екипите на „Македонија пат“ го држат прооден патот од село Пелинце до граничниот премин кон Република Србија, како и патот Старо Нагоричане – Жегљане – Кокино. Како што велат од Регионалниот центар за управување со кризи имало доста поплаки од граѓаните дека селата во овој крај се блокирани, а од ЦУК до општинскиот кризен штаб имало најмалку 50 известувања, но без никакви резултати.

Локалниот  сообраќај во Општината е прооден и  сообракајот  се  одвивал  редовно, отежнати се патните правци кон планинските села Гошинце и Руница, а патот е проден само со тешки моторни возила: Најкритично и натаму е во селото Белановце каде од наноси на снег патот е  во прекин. Од општината и денес ги известиле надлежните во Центарот за управување со кризи дека ќе биде испратен булдожер во селото Гошинце за да се справис о наносите од снег, а расчистување имало на патот Липково – Глажња – Гошинце и патот е прооден. Непрооден сепак и натаму останува патот Алешевце – Белановце и се очекува помош од Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија, забранa за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Задолжително носете ја вашата зимска опрема и не патувајте без поголеми потреби.

ВОЗЕТЕ ЕКСТРЕНО ВНИМАТЕЛНО.