СДСМ: Власта на Груевски криела клучни информации за смртта на Младенов (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска, јавноста ќе слушне уште една болна вистина, вистината за истрагата поврзана со смртта на великанот на македонското новинарство Никола Младенов, изјави на денешниот прес Зоран Заев на прес конференција на која беа презентирани нови сет разговори.

Loading...

Поминаа две години од трагичниот настан во којшто загина основачот и сопственикот на неделникот „Фокус“, новинарот Никола Младенов. Неуморен борец за слобода, вистина и правда. Критичар на секоја власт. На овој голем човек Македонија му должи многу, не само заради неговиот огромен придонес во развојот на новинарството во нашата земја. Затоа денеска, како што доликува за еден ваков великан, ќе презентираме повеќе докази, аргументи и факти за што би Ве замолил за внимание и трпеливост поради времето коешто го одвојуваме, изјави Заев.

 

Leave a Reply