СДСМ: Вистината за Визарис, Сопот, ургенциите на Трајко и Илија (видео)

Сподели со своите пријатели

Проектот на СДСМ денес продолжи во Велес од каде беа емитувани нови прислушкувани разговори. Денешната прес конференција ја одржа Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес.

Loading...

 – Пред да се чуе вистината за овие скандали, ќе слушнеме еден разговор помеѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски и Гордана Јанкулоска. Ќе слушнете како Димовски си нарачува притвор за свои сограѓани од Велес и бара помош од Гордана Јанкуловска, да се издејствува притворот со помош на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Јанкулоска се нуди за помош, ќе притиснела ако треба кај Јавниот обвинител, и, како што вели самата „ако треба кај Марко ќе ургираме“. Овој разговор потврдува дека директната контрола на власта над обвинителството и партиската сервилност на Зврлевски одела дотаму што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можеле да си нарачаат и притвор за некои свои сограѓани. Дотаму оделе злоупотребите на власта, изјави Иванов.

 

Leave a Reply