СДСМ: Слушнете за монструозни насилства од Груевски и соработниците (видео)

Сподели со своите пријатели

Во првиот сет разговори за денеска ќе слушнете колку и какви “урковци“ имаат ставено меѓу чесните професионалци во безбедносните служби, ќе слушнете за недозволивите скандали што овие личности ги провоцираат во специјалните единици и за уште поскандалозниот факт дека не се знае кој командува со полицијата, истакна на денешниот прес на СДСМ, претседателот Зоран Заев.

Loading...

-Така од разговорот на Мартин Протугер со Гордана Јанкулоска ќе слушнете како “оригиналниот“ Урко, “скршил од ќутек“ замислете, 20 припадници на специјалната единица “Волци“, среде центар во Скопје! Друг “урковец“ не само што шверцувал цистерни нафта за училишта, туку насила изнудувал да му биде потпишано дека училиштето примило 3 или 5 тони нафта за греење, иако тој испорачал само 1 тон – ова и го доверува Протугер на Јанкулоска.

А како што Груевски си го имал Урко, така Мијалков си го имал Утка. Ни набљудувачите на ОБСЕ не успеале преку Јанкулоска, да го тргнат Утка, кој за локалните избори бил локален шериф во Струга и вперувал пиштол во глави на луѓе. Затоа што Утка имал грб, а тоа бил лично Сашо Мијалков, кој смета дека на Утка тоа му е работа, а не да биде, како што вели Мијалков, “балерина“, истакна Заев.

 

 

Leave a Reply