СДСМ прогласи победа во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

СДСМ прогласи победа во Општина Старо Нагоричане, а според информациите од изборниот штаб на партијата победата на Жаклина Јовановска е 1:2.

Loading...

Јовановска освоила 1070 гласови, наспроти 520 на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Јаќимовиќ. Како што додаваат од штабот остануваат да се преработат гласовите од уште три избирачки места, но тие нема да направат поголема разлика во резултатот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека уште немаат информации.

Право на глас во Општина Старо Нагоричане во вториот круг од локалните избори имаа 3.431 лице.

Официјалните резултати ќе бидат познати откако ДИК ќе го заврши целосно пребројувањето.