СДСМ победи во Крива Паланка,Кратово и Ранковце

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за градоначалници од Коалицијата за локални избори 2017, предводена од СДСМ, според првичните резултати доставени до ДИК, остварија победа во Крива Паланка, Кратово и Ранковце на вчерашните шести по ред, локални избори во државата.

Борјанчо Мицевски од СДСМ ќе биде нов градоначалник на Крива Паланка.

-Кандидатот на СДСМ Мицевски, освои 7.059 гласа и е победник на изборите, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Арсенчо Алексовски освои 4.662 гласа. Мнозинството во општинскиот Совет исто така им припадна на СДСМ и коалицијата кои ќе имаат 12 советници, а пак ВМРО -ДПМНЕ освои 7 советнички места, изјави Душкo Арсовски претседател на ОИК Крива Паланка.

Излезеноста во Крива Паланка изнесува 74,92 отсто, а гласале вкупно 12.169 гласачи.

Во општина Ранковце нов градоначалник ќе биде Ивица Тошевски, кој настапи како независен кандидат.

-Ивица Тошевски, независен кандидат поддржан од Коалицијата на СДСМ освои 1472 гласа, додека 958 гласа освои Роберт Симоновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Советничкиот состав рамноправно е поделен на сите, по тројца  советници ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и група изббирачи „Димитар Цветковски”, иформира Даниел Крстевски, претседател на ОИК.

Излезеноста во општина Ранковце изнесува 81,64 отсто ,а  гласале 2.526 гласачи.

Нема приговори до ОИК и ДИК по однос и на резултатите во Кратово. Победник на локалните избори е Љупчо Бојаџиев, кандидат од СДСМ и коалицијата.

-Најмногу гласови освои Љупчо Бојаџиев до СДСМ, 3.384, наспроти Мите Андоновски до ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 2.274 гласа. СДСМ ќе го предводи и мнозинството во општинскиот Совет, со девет советици, додека ВМРО-ДПМНЕ освои шест советнички манадати, информира Марија Петковска, претседател на ОИК, Кратово. Во Кратово гласале вкупно 5.925 гласачи, а излезеноста е 71, 54 отсто.

Извор: МИА

Loading...