СДСМ ќе раководи со Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ со пет, ДУИ со 10, Алијансата со три

Сподели со своите пријатели

СДСМ, според резултатите по двата круга од локалните избори, ќе раководи со Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијансата за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.

Освен во Скопје, СДСМ и коалицијата во првиот круг од изборите на 15 октомври победија во 37 општини: Центар, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес,  Гевгелија, Дебрца, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струмица.

Во вториот изборен круг СДСМ доби градоначалници во уште 19 општини: Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Македонски Брод, Македонска Каменица, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден, Петровец и Сопиште, а во вториот во Зрновци и Кавадарци.

ДУИ во првиот изборен круг освои градоначалнички мандати во Кичево и во Пласница, а во вториот победи и во Чаир, Тетово, Сарај, Дебар, Долнени, Липково, Теарце и Струга.

Алијансата за Албанците освои вкупно три градначалнички манадати, сите во вториот круг, и ќе раководи со општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар.

Беса победи во Желино, ДПА во Студеничани, Демократската патрија на Турците во Центар Жупа, а кандидати кои беа предложени од група избирачи ќе ги водат општините Ранковце, Чучер Сандево и Брвеница

Извор: МИА

Loading...