СДСМ: Ќе има одговорност за крвавото насилство поттикнато од Груевски, Иванов и Велјаноски!

Сподели со своите пријатели

По денешните случувања во Собранието каде се повредени неколку пратници кои се уште се заглавени во собраниската прес сала, со реакција се јавија и од седиштето на СДСМ и ја пренесуваме во целост.

Ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилието на кое што изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи.

Сериозно се повредени пратеници, претставници на граѓаните што е врв на нецивилизираниот однос на овие луѓе кои се подготвени да жртвуваат се, за да се обидат да избегнат одговорност.

На очиглед на целата домашна и меѓународна јавност паднаа маските и режимот е разобличен до крај – стои во реакцијата на СДСМ.