Саудиски авиони жестоко го бомбардираа Јемен

Сподели со своите пријатели

Рушевини можеа да се видат во делови на меѓународниот аеродром во Сана, откако коалициските воздушни напади на саудиските власти одекнаа над престолнината на Јемен.

Снимките од интернет покажуваат оштетени и делумно срушени згради, како и пукнатини во претседателскиот салон на аеродромот.

 

Loading...

 

Во недела најмалку 60 лица загинаа во борбите помеѓу Хутите (Ансар Алах) и силите лојални на поранешниот претседател Абдулах Салех, за кого иранските и про-хутските телевизиски агенции јавуваат дека вчера е убиен во атентатот.

Оваа група се борела против саудиската коалиција, која интервенираше во Јемен во 2015 година во обид да спречи враќање на власт на претседателот Абд-Рабух Мансур Хади.

 

 

Во октомбри, саудиската коалиција наметна блокада врз Јемен, по прекинување на ракетниот напад на Ријад, за кој Хутите презедоа одговорност.