Сашо Тодоровски: Образованието може!

Сподели со своите пријатели

Во времето кога треба да сме солидарни, во моментот кога треба да сме со нашите сограѓани кои беа најпогодени од поплавите, имам предлог кој треба да се разгледа и мислам дека треба да биде прифатен.

Како единки не можеме да го реализираме, но доколку власта сака, а работните организации (училиштата) се согласат, во што не се сомневам идејата може да биде реализирана. Образованието отсекогаш била солидарна гранка, а хуманоста таму била на прво место затоа е потребно сега да им помогнеме на нашите сограѓани кои се најпогодени од поплавите. Нашето малку за некого значи и ќе значи многу.

Мојот предлог е:
Сите кои работиме во образование од следната плата или најдоцна од наредната да ни се одбијат по 1000 денари за ПОМОШ на поплавените подрачја.

Околу 25.000 вработени во образование може да обезбедат околу 370 илјади евра. Сите заедно можеме да ги обезбедиме тие средства, но одлуката мора да ја донесат државните институции и телата во образовните институции.Сигурен сум дека сите до еден кои работат во образование ќе се согласат со ова.

Потребно е да им помогнеме на луѓето!

Пишува: Сашо Тодоровски, наставник од македонски јазик и литература при СОУ „Перо Наков“ – Куманово