Самотијата е најтешката болест!

Сподели со своите пријатели

Самотијата е болест потешка и поштетна од зависноста од пушењето или гојазноста, предупредуваат научниците.

Според научниците, во 2010 година околу 35% од луѓето постари од 45 години биле хронично осамени, а само деценија претходно, односно во 2000 година осамени биле 20% од популацијата на таа возраст.

Модерната медицина помага на се поголем број на луѓе да живеат подол и поздрав живот, но новите истражувања покажуваат дека новата закана за сите е социјалната изолација, односно самотијата.

Седум дена беше сам без телефон и компјутер: На крајот на неделата ја дозна суровата реалност (видео)

Loading...

Научниците предупредуваат на „епидемија на осаменост“, која влијае на развој на бројни здравствени проблеми.

Резултатите од студијата на американското Здружение на психолози покажува дека кај лциата со повеќекратни социјални контакти изгледите за изненадна смрт се пониски дури за 50%.

Осаменоста штети на срцето

Метаанализа спроведена на 148 туденти од САД, Европа и Австралија покажува дека социјалната изолација, осаменоста и одлуката лицето да живее само, значително влијаат на раната смрт.

Податоците собрани во рамките на повеќе стотици разни студии спроведени меѓу милиони испитаници даваат силни докази за значењето на социјалните контакти за физичкото здравје на поединците. Осамените луѓе почесто пушат, гојазни се и ретко вежбаат.

Мултимилионер го напуштил луксузот и започнал живот на пуст остров (видео)

Пораст на бројот на хронично осамени

Научниците тврдат дека бројката на хронично осамени во последните години се зголемила за десет проценти. Како причина за тоа наведуваат дека се поголем број домаќинства имаат по еден член, поголемата стапка на разводи и силното фокусирање на социјалните мрежи, отколку на релани животни контакти, пренесуваат научните портали.

Лицата не мора да бидат физички сами за да се чувствуваат осамено. Осамени се дури 43% од старите луѓе, иако само 18% од нив живеат само.

Бинџување – нов заразен тренд кој се шири низ светот

Според податоците на германскиот Центар за лица од трето животна доба, лицата кои се чувствуваат исклучено или социјално изолирано имаат поголеми шанси да бидат осамени.

За впечатокот дека „не припаѓаат никаде“ во модерното време се почесто допринесува изразената сиромаштија.