„Само дај ми“ е новата песна на Марио Арангеловски (видео)

Сподели со своите пријатели

Марио Арангеловски пред два дена во етер ја пласираше својата нова песна насловена „Само дај ми“, а во соработка со Слободан Величковиќ – Цобе.

Песната е во поп и комерцијален бит, а музиката, аранжманот и миксот е во креација на Цобе, додека текстот е направен заедно во соработка со Марио.

Запрашан дали планира да излезе со видео спот за песната, Марио кратко одговори дека размислува за такво нешто, но засега се уште конкретно не се одлучил.

Слушнете ја најновата реализација на нашиот сограѓанин и вашето мислење оставете ни го во коментар.